18 мај 2026
• од Темелко Тошев
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, упати остри критики кон актуелната власт, обвинувајќи ја за создавање на нетранспарентни врски со унгарскиот и српскиот државен врв. Во интервју за „Нова.рс“, Филипче ја спореди тројката Виктор Орбан, Александар Вучиќ и Христијан Мицкоски со руските кукли „бабушки“, нагласувајќи дека по падот на првата, очекува соочување со одговорноста и за останатите двајца.
Според Филипче, владата предводена од Христијан Мицкоски го задолжила народот за милијарда евра преку, како што вели, скапи и нетранспарентни договори склучени директно со владата на Унгарија. Лидерот на СДСМ тврди дека ова е дел од поширока шема во која Македонија е вклучена преку мрежа на политички, медиумски и бизнис интереси.
„Мицкоски и целата организирана криминална група ВМРО се најблиските партнери и пријатели на Орбан на Балканот“, изјави Филипче, додавајќи дека во оваа мрежа важна улога играат енергетскиот сектор, Алта банка и компании тесно поврзани со поранешниот унгарски премиер.
Филипче го оцени премиерот Мицкоски како „евтина копија“ на српскиот претседател Александар Вучиќ, истакнувајќи дека сличноста не е случајна. Тој посочи на идентичниот политички „ракопис“:
Како главен доказ за долгогодишната поврзаност на оваа политичка оска, Филипче го посочи случајот со бегството на Никола Груевски. Тој потсети дека патот на поранешниот премиер водел низ Србија до Унгарија, каде добил политички азил, што за Филипче е „крунски доказ“ за меѓусебната координација на овие структури.
„Ние оваа мрежа не ја откривме од вчера. Ја разоткриваме со месеци, а секој нов ден носи нови потврди. Очигледно, ниту ВМРО не го очекувало падот на Орбан. Но, да бидам јасен – ништо нема да остане под тепих“, порача лидерот на СДСМ.
УЖАС ВО КАРПОШ: 18-годишна девојка нападната и прободена пред скопска дискотека
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

