18 мај 2026
• од Темелко Тошев
Според најновите податоци објавени од порталот „WorldAtlas“, а базирани на извештаите од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Северна Македонија се наоѓа на шестото место на листата на најсиромашни држави на европскиот континент. Рангирањето е направено врз основа на бруто-домашниот производ (БДП) по глава на жител, пресметан според паритетот на куповната моќ (ПКМ).
На самиот врв на оваа неславна листа како најсиромашна земја се најде Молдавија, додека на второто место е нашиот северен сосед Косово.
Анализирајќи ја економската состојба во Северна Македонија, извештајот нотира дека земјата одржува стабилност, но со прилично низок економски раст кој во последните години во просек изнесува околу 2%.
Како позитивен тренд се истакнува падот на невработеноста. Иако историски земјата се соочуваше со стапки повисоки од 30% на почетокот на 2010-тите (што претставуваше една од највисоките стапки во Европа), до 2024 година таа значително се намали и падна под 13%.
„Економскиот раст е стабилен, но скромен, со просек од околу 2% во последните години. Невработеноста значително се намали... Економијата се потпира на секторите за метали, текстил, автомобилски компоненти за европските синџири на снабдување, како и сè повеќе на туризмот во регионот на Охридското Езеро и областа на Скопје“, се наведува во извештајот на „WorldAtlas“.
Според податоците од извештајот, балканските земји и земјите од Источна Европа доминираат на листата на најнизок БДП по глава на жител според ПКМ. Молдавија останува на дното со под 20.000 долари, додека Северна Македонија бележи БДП од 24.300 долари по глава на жител.
Преглед на БДП по глава на жител (според ПКМ) за најсиромашните европски земји:
Овие бројки укажуваат на тоа дека и покрај одредени позитивни поместувања на пазарот на труд и развојот на извозните индустрии и туризмот, економијата на Северна Македонија сè уште има потреба од подинамичен раст за да може да го стигне европскиот просек и да излезе од групата на најнеразвиени економии на континентот.
УЖАС ВО КАРПОШ: 18-годишна девојка нападната и прободена пред скопска дискотека
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

