18 мај 2026
• од Темелко Тошев
Вистинска драма се одвивала над тетовското село Камењане, каде мечка упаднала во импровизирана штала и усмртила дури десет овци, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.
Според официјалните полициски информации, случајот бил пријавен вчера во 14:30 часот во Полициското одделение Камењане. Пријавата ја поднел 69-годишниот жител на селото со иницијали Ф.Р., кој со неверување ја затекнал глетката во своето трло.
Крвавиот напад од дивото животно се случил во месноста позната како „Душки“, која се наоѓа на планинскиот пат кон соседното село Јеловјане. Овците биле сместени во импровизиран објект кој, за жал, не претставувал никаква пречка за гладната мечка.
Од СВР Тетово соопштија дека веднаш по добивањето на пријавата, нивна стручна екипа излегла на терен и извршила увид на местото на настанот за да се констатира материјалната штета и официјално да се документира случајот.
Овој инцидент повторно го отвора прашањето за безбедноста на стоката во планинските предели и се почестите средби со диви животни кои во потрага по храна се спуштаат во близина на населените места.
УЖАС ВО КАРПОШ: 18-годишна девојка нападната и прободена пред скопска дискотека
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

