02 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Граѓани и денеска чекаат во редици пред експозитурата на Алта банка во Битола, откако по вчерашната интервенција на Народната банка беше воведено ограничување за подигнување готовина од 10.000 денари неделно.
Дел од клиентите изразуваат незадоволство од мерката. Меѓу нив има и граѓани кои чекаат пензии, но велат дека не можат да ги подигнат во целост поради ограничениот износ.
Ограничувањето ги засега клиентите што имаат потреба од пристап до своите средства. Засега нема дополнителни информации за тоа колку долго ќе важи мерката.
Во Брвеница до 15 часот гласале 1.515 граѓани повеќе отколку во првиот круг
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

