09 август 2026
• од Гоце Кически
Украина негира дека намерно ја целела Бугарија откако дрон експлодирал во близина на стратешкиот Трансбалкански гасовод кај границата со Романија. Во инцидентот нема повредени, а бугарските власти засега немаат докази дека станува збор за намерен напад.
Дронот влегол во бугарскиот воздушен простор од Романија и паднал во поле со сончоглед, на околу еден километар од компресорска станица на гасоводот. Според бугарското Министерство за одбрана, станува збор за тип на дрон што широко го користи украинската армија.
Украинските власти соопштија дека се во контакт со Софија за да се утврдат околностите. Киев категорично негира дека украинските вооружени сили намерно насочиле дрон кон Бугарија.
Бугарските власти наведуваат дека дронот носел значително количество експлозив, но анализата на остатоците засега не укажува дека инцидентот бил намерен. По експлозијата, Бугарија го засили надзорот на границата и најави дополнителни мерки за откривање и неутрализирање беспилотни летала.
Инцидентот повторно го отвори прашањето за безбедноста на воздушниот простор на земјите од НАТО во регионот на Црното Море. Од почетокот на руската инвазија врз Украина, повеќе беспилотни летала навлегле или паднале на територијата на соседни земји, особено во Романија.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

