28 август 2026
• од Темелко Тошев
Проблемот со континуираното намалување на бројот на ученици во основните и средните училишта во земјава се решава преку процес на оптимизација, изјави заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани. Според него, целта на оваа мерка е да се рационализира образовниот систем и да се создадат подобри услови за самите ученици.
Во изјава за телевизија Алсат, Сулејмани посочи дека државата се соочува со демографски предизвици кои бараат конкретни чекори, особено во руралните средини каде што ефектот од иселувањето е највидлив.
„Се соочуваме со проблематики кои би рекол дека се наследени поради долгогодишната емиграција што се случува во нашата држава. Сега имаме многу помал број на ученици отколку што имаше порано, и поради оваа причина Министерството за образование и наука спроведува оптимизација на паралелките во основните и средните училишта“, изјави Сулејмани.
Тој појасни како овој процес функционира во пракса и кои се клучните придобивки за развојот на децата.
„Ова најчесто се случува во руралните училишта. На пример, имаме ситуации каде што во цел училишен објект има само двајца ученици, а и во соседното училиште има само двајца ученици. Ние ги спојуваме тие две училишта во едно, бидејќи е од голем интерес за воспитно-образовниот процес да има повеќе ученици во училницата. Тоа ја поттикнува здравата конкуренција и ја зголемува социјализацијата меѓу децата“, нагласи заменик-министерот Сулејмани.
Процесот на оптимизација на училишната мрежа се спроведува со цел подобро искористување на ресурсите, но пред сѐ, за подигнување на квалитетот на наставата и создавање стимулативна средина за учење.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

