22 август 2026
• од Темелко Тошев
Вчеравечер во Велес, полицијата лишила од слобода 41-годишна жена поради семејно насилство.
Според информациите наведени во полицискиот билтен, инцидентот се случил во нивниот дом, каде што пријавената Ф.А. физички го нападнала нејзиниот 70-годишен татко. По добиената пријава за нападот, полициски службеници веднаш интервенирале и ја привеле осомничената во 19:10 часот.
За случајот веднаш бил известен и јавен обвинител. Надлежните институции работат на расчистување на случајот, а откако настанот ќе биде целосно документиран, против велешанката ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

