22 август 2026
• од Темелко Тошев
Арбен Таравари упати сериозни обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за водење политика на притисок врз Албанците. Во својата реакција, Таравари го спореди Мицкоски со францускиот војсководец Наполеон, порачувајќи му дека политичката моќ не е вечна.
Според Таравари, државата веќе имала искуство со премиери кои, како што вели, биле „опиени од власта“ и сметале дека покажувањето сила преку удари врз Албанците е најлесниот пат. Тој тврди дека Мицкоски во моментов чекори по истиот тој пат.
Како аргументи за своите тврдења, Таравари ги посочи неодамнешните прашања поврзани со употребата на албанскиот јазик, релативизирањето на Бадентеровото мнозинство, како и слабеењето на механизмите за правична и соодветна застапеност. Воедно, тој упати критики и до коалицијата ВЛЕН, забележувајќи им за нивниот молк пред овие случувања.
„Наполеон почна да губи кога поверува дека е непобедлив. И Мицкоски треба да разбере дека Албанците не се територија на која еден премиер ја испробува својата моќ“, истакна Таравари во својата порака.
Тој заклучи дека ниту едно парламентарно мнозинство, па ниту поддршката од ВЛЕН, не се гаранција за вечна власт, потсетувајќи дека историјата покажала оти падот кај лидерите почнува токму во моментот кога ќе помислат дека се недопирливи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

