10 септември 2026
• од Темелко Тошев
Политичкиот аналитичар и професор Сулејман Мехази излезе со радикални предвидувања за демографската и политичката иднина на Република Северна Македонија, предупредувајќи на сериозни промени доколку дојде до промена на Уставот.
Според најновата објава на Мехази, македонскиот народ го очекува „мрачна иднина“ во однос на прашањето со Бугарија. Тој смета дека евентуалното вклучување на бугарското малцинство во Уставот на Република Северна Македонија ќе претставува критичен момент кој, според неговите прогнози, во наредните 10 до 20 години ќе резултира со тоа Македонците да станат малцинство во државата во споредба со Албанците, Бугарите и Србите.
Своите предвидувања Мехази ги темели на претпоставката дека уставните измени ќе предизвикаат верижна реакција во начинот на кој граѓаните етнички ќе се декларираат.
„Македонските граѓани во Источна Македонија кои зборуваат на бугарски дијалект повторно ќе се изјаснат како Бугари, додека оние во Западна Македонија повторно ќе се изјаснат како Срби“, тврди Мехази во својот став.
Според неговата анализа, ваквиот развој на настаните и прераспределбата на етничката припадност би довеле до ситуација во која албанските граѓани би го сочинувале мнозинството од вкупното население во Северна Македонија.
Како краен резултат на овие демографски поместувања, Мехази предвидува и целосна промена на политичката сцена. Тој прогнозира дека во иднина, поради новата демографска слика, извршната власт во државата би можела да добие сосема поинаков облик.
Според него, на некои од идните парламентарни избори, раководењето со власта во Република Северна Македонија би можело да биде преземено од партии кои би формирале албанско-бугарска коалиција.
Овие тврдења на Мехази доаѓаат во период на континуирани и интензивни политички дебати во македонската јавност околу уставните измени и условите за продолжување на евроинтегративниот пат на земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

