10 септември 2026
• од Темелко Тошев
Компанијата „Стардаст ДООЕЛ“ во февруари оваа година добила 1,85 милиони денари од Државната лотарија, а само два месеци подоцна била избрана за организација на манифестацијата по повод 35-годишнината од независноста на државата, објави ПорталиX, а пренесува Либертас. Како основач на „Стардаст“ се води Миа Милошевска, ќерка на Бобан Милошевски, сопственик на познатата продукција „Авалон“.
Владата засега не открива колку точно чинела организацијата на настанот за Денот на независноста. Според информациите на ПорталиX, тие ја контактирале Миа Милошевска за да објасни врз која основа биле доделени средствата од Лотаријата. Во телефонскиот разговор, таа изјавила дека не е запознаена за какви пари станува збор и дека ќе одговори писмено, но одговори не стигнале ниту по два и пол месеци. Татко ѝ, Бобан Милошевски, прашањата за парите ги нарекол провокација на неодамнешната прес-конференција.
Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека Буџетот не потрошил ниту денар за овие настани. Тој нагласи дека сето тоа било организирано од општествено одговорни компании без надоместок, иако не прецизираше кои се тие компании и колку пари одвоиле.
„Стардаст ДООЕЛ Скопје“ е основана во 2021 година, а според достапните податоци, во март 2025 година сметката на компанијата била блокирана. И покрај тоа, во 2025 година компанијата пријавила приходи од околу 67 милиони денари (над 1 милион евра).
Овие информации доаѓаат по објавувањето на долгата листа на компании кои добиле милиони денари од Државната лотарија преку донации и спонзорства. ПорталиX известува дека за голем дел од овие исплати не можат да се најдат докази за реализирани активности, а бидејќи договорите се склучени директно со Лотаријата, тие не се достапни на платформата „Отворени финансии“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

