10 септември 2026
• од Темелко Тошев
Бугарската агенција за безбедност на храната (БФСА) спречи влез на небезбедни прехранбени производи на пазарот на Европската Унија, суспендирајќи две големи пратки со свежо овошје и зеленчук. Откако биле откриени покачени нивоа на остатоци од пестициди, забранет е влез на пиперки од Северна Македонија и трпезно грозје од Турција.
Македонските пиперки одат на уништување, турското грозје се враќа назад Според официјалните информации од агенцијата, запленетата пратка од Република Северна Македонија содржи 9.502 килограми пиперки. Поради утврдените неправилности и опасноста по здравјето, овие пиперки нема да бидат вратени назад, туку ќе бидат испратени на целосно уништување.
Од друга страна, пратката со трпезно грозје од Турција, која изнесува вкупно 19.200 килограми, ќе биде вратена назад во земјата на потекло.
Резултат на засилен мониторинг Откривањето на овие несообразности е резултат на лабораториските анализи кои се дел од воведениот засилен мониторинг. Строгите контроли кои ги спроведуваат бугарските власти имаат за цел да го заштитат пазарот и потрошувачите од влегување на опасни производи во трговската мрежа.
Ова не се први сомнителни пратки Податоците покажуваат дека овој проблем се повторува. Досега, бугарските инспектори имаат запрено вкупно пет пратки со трпезно грозје од Турција, чија вкупна тежина надминува 53 тони.
Сличен е билансот и за нашата држава – претходно на уште две пратки со македонски пиперки, со тежина од над 21 тон, исто така им беше одбиен влезот на пазарот поради неисполнување на стандардите за безбедност на храната.
Од Бугарската агенција за безбедност на храната (БФСА) нагласуваат дека засилените инспекции на свежо овошје и зеленчук продолжуваат со несмалено темпо. Тие апелираат до граѓаните, доколку се сомневаат во квалитетот на храната, да ги пријават прекршоците на нивната дежурна телефонска линија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

