08 септември 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста, порачувајќи дека денешната генерација има историска обврска да продолжи со градењето на државата и да обезбеди сигурна европска иднина за младите.
Одбележувајќи ги 35-те години од историската одлука на граѓаните за независна, суверена и демократска држава, Филипче преку статус на Фејсбук истакна дека македонската државност се создавала низ генерации и дека секоја генерација имала своја специфична историска улога. Според него, на овој голем јубилеј, фокусот мора да биде насочен кон иднината и кон создавањето реални услови младите да останат да живеат и работат во сопствената земја.
„Нашите предци се бореа да имаме своја држава. Оваа наша генерација има обврска да се избори нашите деца да сакаат да живеат во неа, да се избори за Европска Македонија. Да изградиме европска Македонија во која младите ќе можат да создадат дом и семејство, да имаат достоинствена работа, да успеваат со знаење и труд и да имаат европски можности дома“, порача Филипче.
Тој ја опиша континуираната изградба на Македонија како клучна генерациска задача, која бара обединетост и јасна цел.
„Да ја продолжиме македонската државотворна линија – со заедништво, со достоинство, и со јасна визија за иднината во Европа. Затоа што Македонија е сè што имаме. Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста!“, истакна лидерот на СДСМ во својата празнична порака.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

