08 септември 2026
• од Темелко Тошев
Демократската унија за интеграција (ДУИ) упати остри критики до надлежните институции, обвинувајќи за нерамноправност и дискриминација при доделувањето на стипендиите „Спортска надеж“ од страна на Министерството за спорт.
Според официјалните бројки кои ги посочува партијата, распределбата на овие стипендии покажува огромен диспропорционален сооднос. Имено, од вкупно 506 спортисти кои се стекнале со стипендија, распределбата е следна:
Од ДУИ истакнуваат дека овие бројки говорат појасно од која било декларација за еднаквост на оваа Влада и бараат итни политички и институционални одговори.
„Ако критериумите се исти за сите, Министерството мора јасно да покаже како е направена селекцијата, како се оценети апликациите и врз основа на кои бодови се избрани спортистите. Ако Албанците сочинуваат значаен дел од општеството, како се објаснува тоа што само 7,51% од спортистите-корисници се Албанци?“, прашуваат од партијата.
Од таму додаваат дека нивната реакција не е барање за етнички привилегии, туку инсистирање на еднакви можности, транспарентност и признавање на заслугите, без разлика на припадноста. Партијата бара итно и целосно објавување на критериумите, бодувањето и процесот на селекција за овие стипендии.
Во своето соопштение, ДУИ директно ја прозва и коалицијата ВЛЕН, критикувајќи го нивниот молк за ова прашање.
„Додека бројките бараат објаснување, ВЛЕН продолжува да молчи. Оние кои ветуваа еднаквост и правична застапеност, денес треба да им дадат одговор на албанските спортисти: дали е ова еднаквоста што ја ветивте? Талентот не може да биде невидлив кога е албански. Исклучувањето продолжува, непочитувањето продолжува, а ВЛЕН продолжува да молчи“, се заклучува во партиската реакција на ДУИ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

