23 јули 2026
• од Темелко Тошев
По препораката од министерот за здравство медиумите да бараат изјави од епидемиолози, а не од „јавачи за лајкови“, познатиот микробиолог Никола Пановски преку социјалните мрежи упати иронична и остра порака до надлежните.
Микробиологот д-р Никола Пановски јавно побара од министерот за здравство да ги извести медиумите повеќе да не го контактираат за коментари и совети поврзани со епидемиолошката состојба во Гостивар. Оваа реакција доаѓа по изјавата на министерот Клековски, кој ги советуваше новинарите за епидемијата да консултираат исклучиво епидемиолози и инфектолози, а не доктори кои ги нарече „јавачи на епидемијата за лајкови“.
Пановски наведува дека во изминатиот период бил максимално отворен за јавноста, давајќи бројни изјави за телевизии, радија и портали, а на дел од нив дури и им се извинил бидејќи физички не можел да постигне да одговори на сите барања.
„Јавно го замолувам министерот за здравство да ги предупреди медиумите да не ме бараат повеќе за совети и изјави. Од денес нека си бараат исклучиво епидемиолози и инфектолози. Многу би ви бил благодарен, зашто навистина ми е тешко да ги одбијам, а тие инсистираат“, напиша д-р Пановски.
Во своето обраќање, професорот посочува дека институциите сепак ги послушале неговите совети, но реагирале премногу бавно:
Д-р Пановски не пропушти да ја критикува појавата каде лица кои не се медицински доктори ја информираат јавноста за сериозни здравствени прашања.
„Конечно, зошто лица кои воопшто не се доктори даваат изјави и одговараат ‘хипотетично’ за фекални бактерии, иако не се доктори по медицина?“, прашува микробиологот.
Својата објава ја заврши во препознатлив, ироничен тон:
„Мој последен совет, покрај епидемиолози и инфектолози, ставете и стоматолози.“
Контекст: Реакцијата на д-р Пановски следи откако министерот за здравство, коментирајќи ја кризата во Гостивар, сугерираше дека во медиумите простор треба да добиваат само одредени специјалисти, индиректно прозивајќи ги останатите доктори.
Д-р Никола Пановски важи за еден од најдостапните експерти за медиумите во земјава. Тој ретко одбива да коментира актуелни состојби од својата област и низ годините има изградено огромен професионален авторитет, уживајќи висока доверба и кај новинарската фела и кај граѓаните.
Каде се вардарците? Скромна посетеност на Арената за 79. роденден на најтрофејниот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

