22 јули 2026
• од Темелко Тошев
Според најновите податоци од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (21 јули 2026 година) продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти кои побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.
По континуираниот прилив на пациенти изминативе денови, вчерашната статистика покажува позитивна насока и стивнување на здравствениот бран. Во текот на вчерашниот ден, вкупно 108 лица за првпат побарале медицинска помош во општата болница во градот.
Општа болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар (вкупно 108 нови прегледи)
Здравствен дом – Гостивар
Универзитетска клиника за инфективни болести – Скопје
Министерот за здравство, Сашо Клековски, посочи дека бројките од вчерашниот ден јасно укажуваат на смирување на состојбата во гостиварскиот регион.
„Во текот на вчерашниот ден продолжи континуираниот тренд на стабилизирање на состојбата. Во споредба со 20 јули, кога во Општата болница Гостивар беа регистрирани 183 прегледи, вчера се евидентирани вкупно 108 прегледи, односно намалување од околу 41 отсто.
Истовремено, бројот на прегледи во Здравствениот дом е намален од 110 на 87 пациенти, односно за околу 21 отсто, што дополнително ја потврдува позитивната насока на движење на бројките,“ појасни министерот Клековски.
Надлежните здравствени институции продолжуваат будно да ја следат епидемиолошката слика во градот и апелираат на одржување на високо ниво на лична хигиена и внимателност при консумација на храна и вода.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

