23 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во своето гостување во емисијата „Дебат во Шења“ (Debat në Shenja), изјави дека коалицијата ВЛЕН нема никакво влијание во одлучувачките процеси, дека никој ништо не ги прашува и оти тие воопшто не знаат што реално се случува.
Таравари посочи дека претставниците на ВЛЕН се целосно маргинализирани, истакнувајќи дека „тие воопшто не се таму“ кога се носат одлуките. Според него, нивната единствена стратегија во моментов е да напаѓаат, бидејќи немаат реална моќ да дејствуваат.
„Не се прашуваат за ништо, немаат информации за тоа што се случува. Гледајте, нападот е најдобра одбрана. Тие можат само да напаѓаат. Јас не можам да кажам дека за време на ДУИ немало влијание од Србија или од Отворен Балкан. Еве, заедно ја испративме ДУИ во опозиција, и супер направивме што ДУИ е во опозиција. Повелете мажи, дејствувајте вие: велите дека ДУИ ја донела Србија, тогаш вие отстранете ја ако имате влијание. Но, јас знам дека никој ништо не ве прашува“, изјави Таравари.
Со оваа изјава, Таравари отворено ја критикува позицијата на коалицијата ВЛЕН, предизвикувајќи ги да ги покажат своите капацитети и реалното политичко влијание кое тврдат дека го поседуваат, особено во однос на надворешните влијанија во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

