15 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати. Иако на светските берзи се бележи пад на цените, враќањето на редовните износи на акцизите носи поскапување на бензините и дизелот на бензинските пумпи низ државата.
Новите цени стапуваат на сила од 16 јуни 2026 година, во 00:01 часот.
Согласно одлуката на РКЕ, малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 1,50 односно 2,00 денари, додека дизелот поскапува за половина денар.
Ова се максималните цени по кои ќе се точи гориво:
Од РКЕ појаснуваат дека во оваа пресметка се вкалкулирани референтните износи на акцизите за бензините и дизелот. Ова се должи на истекот на претходната Одлука за изменување на начинот на пресметка на акцизата, со што на сила се враќаат редовните давачки кон државата.
Инаку, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот период бележат намалување:
Дополнителен фактор кој влијаеше врз формирањето на новите цени е и курсот на денарот во однос на доларот, кој во изминатиот период е повисок за 0,5395%. Со сите овие параметри, вклучувајќи го и падот кај мазутот и екстра лесното масло, просечното намалување на сите нафтени деривати изнесува минимални 0,10%, но најкористените горива за автомобилите сепак добиваат повисоки цени.
Почеток на одбројувањето: Денеска завршува првиот уписен рок за средношколците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

