15 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Бугарските медиуми јавуваат дека пред конечното гласање на Извештајот за Северна Македонија во Европскиот парламент (ЕП), отворена е нова дебата околу содржината на документот и референците за Вториот протокол од Договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија.
Според бугарската агенција БГНЕС, известувачот за Северна Македонија во ЕП, Томас Вајц, поднел нов амандман со кој се бара отстранување на параграф кој директно го споменува Вториот протокол и работата на Заедничката историска комисија.
Во центарот на дебатата е Параграфот 73, кој бара Историската комисија меѓу двете земји да испорача јасни и видливи резултати, базирани на проверени историски документи и во согласност со Вториот протокол. Овој параграф вклучува и референци за „заедничката историја“ на двата народа. Токму овој дел е предмет на новиот амандман на Томас Вајц, кој предлага негово целосно бришење од финалниот извештај.
Во Бугарија, овој потег се толкува како обид да се ублажат формулациите поврзани со обврските на Скопје во рамките на евроинтегративниот процес. Бугарските аналитичари и политичари аргументираат дека Вториот протокол е дел од договорите усогласени во Преговарачката рамка на ЕУ и дека неговото спроведување останува клучен елемент во односите меѓу двете земји.
Според извештаите, новиот амандман доаѓа откако претходниот предлог на Вајц, кој бараше појаснување за правниот статус на Вториот протокол, не ја доби потребната поддршка во Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) на ЕП. Медиумите во Софија нагласуваат дека бугарските европратеници се очекува да ги интензивираат контактите со европските политички групи пред извештајот да биде ставен на гласање на пленарна седница, со цел да се зачуваат формулациите за билатералните договори.
Дебатата за Вториот протокол повторно се најде во центарот на вниманието во Северна Македонија по интервјуто на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во емисијата „360 Степени“. Таа истакна дека вклучувањето на Заедничката историска комисија во Протоколот и Преговарачката рамка претставува сериозен проблем за евроинтегративниот процес.
Сепак, во јавноста се отворија дилеми околу толкувањето на документот:
За потсетување, односите со Софија значително се оладија во 2020 година кога Бугарија стави вето на преговарачката рамка поради спорови околу јазикот, историјата и бугарското малцинство.
Почеток на одбројувањето: Денеска завршува првиот уписен рок за средношколците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

