13 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски отвори тема која, според него, претставува една од поголемите „мистерии“ и слепи дамки во македонската историографија – ликвидацијата на лица етикетирани како бугарофили и соработници на бугарската администрација по завршувањето на Втората светска војна.
Иако потенцираше дека најголемото страдање и жртва на македонскиот народ се случила на Сремскиот фронт, Георгиевски посочи дека паралелно се одвивале и процеси за кои историјата сè уште не зборува доволно отворено.
Според Георгиевски, денес веќе постојат потврди за убиствата на луѓе низ повеќе македонски градови, кои по војната биле таргетирани поради нивната наводна соработка со бугарските власти.
„Она за што може да се верува и скоро горе-долу на некој начин има потврда сега за убиствата на луѓе кои се карактеристично етикетирани како бугарофили и соработници на бугарската администрација. Тоа се околу 63 луѓе во Скопје, 48 луѓе во Куманово, 54 луѓе во Велес, триесетина во Битола и 35 во Прилеп“, истакна Георгиевски.
Збирот на овие бројки укажува на над 200 жртви само во овие пет града, кои биле ликвидирани во повоениот период.
Она што особено привлекува внимание во излагањето на Георгиевски е неговото тврдење за постоење на таен логор, тема која, како што вели тој, многу ретко се наоѓа во официјалните историски записи.
Според неговите сознанија добиени од сведоштва на луѓе, постои можност најголемиот број на жртви да се случил токму на таа локација.
„Една мистерија која многу малку се споменува во македонската историографија. Меѓутоа, има луѓе кои ми имаат кажувано дека во Тешево имало посебен логор каде што исто така се собирани бугарофили, и таму веќе бројката може да биде дури и најголема“, открива поранешниот премиер.
Георгиевски со оваа изјава повторно ја актуелизира потребата од ревизија и поотворено истражување на историските архиви, со цел да се расветлат настаните кои следеле веднаш по ослободувањето на земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

