11 септември 2026
• од Темелко Тошев
По повод 35-годишнината од независноста на државата, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски преку остар коментар направи историска паралела помеѓу најзначајните датуми за македонската државност, прашувајќи зошто во јавниот дискурс се премолчува од кого всушност се ослободуваше Македонија на 8 септември 1991 година.
Во својот осврт, Георгиевски потсетува на јасните историски факти поврзани со двата Илиндена: на 2 август 1903 година македонскиот народ се бореше за слобода од Османлиите, додека на 2 август 1944 година се ослободуваше од германските, бугарските, италијанските и албанските фашисти. Но, според него, во многубројните празнични говори и коментари недостасува одговорот на прашањето – од кого се ослободувавме на 8 Септември?
„Пред 35 години се ослободувавме од Караѓорѓева Југославија, која беше зандана на народите, од Титовата комунистичка Југославија и од останувањето во 'Србославија'“, нагласува поранешниот премиер во својата изјава.
Георгиевски децидно посочува дека прогласувањето на независноста значело директен спас од крвавиот распад на поранешната федерација и режимот кој доминирал во тоа време.
Според него, со актот на независноста, Македонија се ослободила од:
Покрај политичките фигури, тој потсетува на еден од најкритичните моменти за тогашните генерации – спасувањето на македонските граѓани од воените боишта.
„Се боревме македонските резервисти кои веќе беа собрани да не ги однесат повторно на некаков нов 'Сремски фронт'“, додава Георгиевски, осврнувајќи се и на исклучително тешките економски почетоци на сувереноста, истакнувајќи дека новата држава почнала со скромни 20 милиони долари во државната каса.
Својата анализа Георгиевски ја заклучува со разочарувачка констатација за актуелниот правец во кој се движи државата.
„И денес повторно се враќаме таму од каде што излеговме“, предупредува поранешниот премиер.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

