03 октомври 2026
• од Гоце Кически
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, оцени дека посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги потврдила пораките дека македонскиот јазик и идентитет не се загрозени на европскиот пат. Таа побара премиерот Христијан Мицкоски да објасни како Владата планира да го деблокира процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Кузеска се повика на пораката на Фон дер Лајен дека Северна Македонија има место во Европската Унија со својот идентитет и јазик. Претседателката на Европската комисија во Скопје порача дека земјата „припаѓа на европската маса“ и дека македонската култура и јазик можат да ја збогатат Унијата.
Од СДСМ повторно го критикуваа Мицкоски поради неговите претходни ставови за Преспанскиот договор и европските интеграции. Кузеска тврди дека по доаѓањето на власт дел од ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се промениле и побара премиерот јавно да каже што ќе преземе за продолжување на преговорите.
Таа се осврна и на најавените разговори меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека билатералната средба со Бугарија не претставува подобрување на позицијата на Северна Македонија. Според неа, Владата треба да објасни како планира да дојде до деблокада и да го продолжи европскиот пат.
Фон дер Лајен при посетата на Скопје нагласи дека за отворање на следната фаза од пристапните преговори останува уште еден клучен чекор. Кузеска порача дека по овие изјави очекува Мицкоски да излезе пред јавноста и да каже „како понатаму“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

