02 октомври 2026
• од Гоце Кически
Полицијата приведе повеќе лица во два одделни случаи во Гевгелија и Струшко, при што биле пронајдени марихуана, кокаин, таблети и други материи за кои се сомнева дека се дрога.
Како што соопшти МВР, на 1 октомври во Гевгелија бил приведен 26-годишен жител на градот. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полицијата пронашла повеќе пакувања со марихуана, бела грутчеста материја, 30 таблети и предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја.
Во близина на домот биле затекнати уште две лица, на возраст од 19 и 25 години. Кај 19-годишникот било пронајдено пакување со марихуана, по што и двајцата биле приведени. За случајот бил известен јавен обвинител во Гевгелија, а по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
Во одделен случај, според МВР, на 2 октомври околу 00:15 часот, полициски тим на локален пат во селото Радолишта, Струшко, извршил преглед на 23-годишен жител на Охрид. Кај него биле пронајдени неколку пакувања со кокаин.
За случајот бил известен јавен обвинител во Струга, а полицијата најави дека против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

