25 мај 2026
• од Темелко Тошев
Семејството на 14-годишниот Марко Џолевски испраќа итен апел до јавноста. Ова момче, кое наместо во училишните клупи, деновите ги поминува во болничка постела, ја води најтешката битка во својот живот – битка со тумор на желудник, придружена со епилепсија и апнеа.
По претходно спроведени терапии, лекарите индицираа итно продолжување на лекувањето во Турција. Времето е клучен фактор – Марко мора да замине на 8-ми јуни за да ја прими терапијата која му дава надеж за целосно закрепнување.
За реализација на овој третман, на семејството му недостигаат уште 4.000 евра. Апелираме до сите хумани граѓани, општествено одговорни компании и здруженија да ја покажат својата солидарност и да помогнат Марко да ја добие оваа битка.
Донирајте на следните броеви и сметки:
Трансакциски сметки на име Марко Џолевски:
Секоја донација, колку и да е мала, значи голем чекор кон оздравувањето на Марко. Да ја вратиме насмевката на лицето на ова 14-годишно момче.
Споделете ја оваа вест за да допре до што е можно повеќе луѓе. Хуманоста е наша заедничка обврска!
ВМРО-НП реагира: ДПМ ќе добие претседател заговорник на великосрпската политика
Историја во Атина: Бугаринот Александар Везенков е шампион на Европа со Олимпијакос!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

