25 мај 2026
• од Темелко Тошев
Јавниот долг на Македонија го достигна критичното ниво од над 10 милијарди евра. Континуираното задолжување преку нови кредити и заеми, кое на крајот паѓа на товар на граѓаните, стана секојдневие, а последната транша од 260 милиони евра обезбедена од странски банки повторно ги отвори прашањата за одржливоста на јавните финансии.
Според економистот Али Максути, ваквиот тренд на постојано задолжување носи сериозен ризик од економска стагнација, што директно би се рефлектирало преку намалување на инвестициите и забавување на вкупниот економски развој.
„Кога државата продолжува да зема долгови за да го покрие буџетскиот дефицит, тогаш може да се појави економски застој, при што ќе изостанат инвестициите во клучни области како што се образованието, здравството или капиталните проекти“, истакнува Максути.
Тој додава една важна нијанса: задолжувањето не е секогаш негативно доколку средствата се наменски искористени. „Ако оваа кредитна линија е наменета за капитални инвестиции, тоа може да биде позитивно. Меѓутоа, Владата сè уште не дала конкретни податоци дали овие 260 милиони евра се наменети за покривање на буџетските дупки или за развојни проекти“, појаснува Максути.
Според проценките на економистите, со ваквите чести задолжувања, Македонија тешко ќе ја оствари економската раст планирана за оваа година. Доколку состојбата не се стабилизира, постои опасност од влез во поширока економска криза.
За граѓаните, клучниот предизвик ќе биде одржувањето на стандардот. Максути смета дека доколку Владата успее да ги задржи цените под контрола и паралелно да го оствари планираниот раст на просечните плати, негативните ефекти би можеле да бидат ублажени. Сепак, предупредува дека зголемувањето на буџетскиот дефицит и порастот на јавниот долг во однос на БДП се показатели кои граѓаните неизбежно ќе ги почувствуваат на своја кожа.
Јавниот долг на државата во моментов изнесува над 10 милијарди евра, при што структурата на овој долг е следна:
Со овој износ, јавниот долг достигна ниво од речиси 60% од бруто-домашниот производ (БДП), што ја поставува земјата во специфична позиција во однос на фискалната стабилност.
ВМРО-НП реагира: ДПМ ќе добие претседател заговорник на великосрпската политика
Хуманитарна акција: Помош за лекување на 14-годишниот Марко Џолевски во Турција
Историја во Атина: Бугаринот Александар Везенков е шампион на Европа со Олимпијакос!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

