25 мај 2026
• од Темелко Тошев
Северна Македонија се соочува со сериозен демографски предизвик, кој во наредните децении се заканува значително да ја промени сликата на државата. Комбинацијата од масовно иселување на младите и постојан пад на наталитетот доведува до тоа земјата да губи по околу 10.000 жители годишно, предупредуваат меѓународните извештаи.
Според статистичките податоци на „Worldometer“, Северна Македонија во моментов брои околу 1,8 милиони жители. Доколку актуелните трендови продолжат, се проценува дека до 2050 година во земјата ќе останат само 1,5 милиони луѓе.
Покрај тоа, демографската слика ја отсликува и промената на старосната структура:
Експертите се согласни дека емиграцијата останува клучниот фактор во оваа криза. Масовното заминување на работоспособното и младото население не само што директно го намалува бројот на жители, туку создава и сериозен недостиг на работна сила во земјата, што дополнително ја отежнува економската перспектива.
Демографскиот „студен туш“ не е резервиран само за Македонија. Цела Европа се бори со слични проблеми: стареење на населението и низок наталитет.
Според податоците на Еуростат:
Додека земјите членки на ЕУ се потпираат на миграцијата за да го пополнат демографскиот дефицит, Северна Македонија се наоѓа во незавидна позиција – како земја од која населението масовно си заминува, со што кризата станува уште подлабока и потешка за надминување.
ВМРО-НП реагира: ДПМ ќе добие претседател заговорник на великосрпската политика
Хуманитарна акција: Помош за лекување на 14-годишниот Марко Џолевски во Турција
Историја во Атина: Бугаринот Александар Везенков е шампион на Европа со Олимпијакос!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

