24 мај 2026
• од Темелко Тошев
Алијансата за Албанците изразува длабока загриженост поради собирот одржан вчера во Куманово, каде преку провокативни повици како „Да живее Србија“ и „Косово е наше“, со српски знамиња и отворени пораки за поддршка на политиките на Александар Вучиќ, беа повредени политичката, историската и националната чувствителност на Албанците.
Куманово е град со тешка историја, со жртви и болни сеќавања. Токму поради оваа причина, секоја манифестација што ја враќа националистичката реторика и ја негира реалноста на независноста на Косово, не може да се третира како обичен настан. Ваквите пораки не им служат ниту на мирот, ниту на стабилноста, ниту на меѓуетничкиот соживот.
Балканот плати висока цена за политиките што поттикнуваат омраза, негирање и територијални претензии. Затоа, мирот не се гради со пароли кои провоцираат, туку со меѓусебна почит, со признавање на политичките реалности и со институционална одговорност.
Советникот на Алијансата за Албанците во Советот на Општина Куманово, Хузеир Мустафи, потенцира дека вчерашниот собир е настан кој не му служи на мултиетничкиот дух и на соживотот во градот.
Уште позагрижувачки беше говорот и присуството на градоначалникот Максим Димитриевски, кој постојано докажува едностран пристап и драстични поделби на етничка основа преку селективна распределба на проекти и инвестиции. Со вчерашната поддршка за Вучиќ, тој само го продлабочи ова перцепција кај граѓаните.
„Иронично е што само еден ден претходно во Советот на општината ја изгласавме одлуката за отворање на канцеларија на Европската Унија во Куманово. Се поставува прашањето: дали проевропската ориентација е искрена, или е само формалност за добивање фондови, кога зборовите и делата се косат едни со други?“, се вели во соопштението.
Алијансата за Албанците бара од државните институции да дејствуваат сериозно и внимателно кон секоја активност што може да ги поттикне меѓуетничките тензии и да ја оштети хармонијата во земјата. „Молчењето пред вакви провокации не е политичка зрелост, туку охрабрување за нивно повторување“, порачуваат од партијата.
Истовремено, АШ изразува незадоволство и поради отсуството на каков било став од страна на коалицијата „ВЛЕН“.
„Во моменти кога се допира националното достоинство на Албанците, албанските претставници во власта не можат да се однесуваат како неми набљудувачи. Нивното молчење покажува недостаток на политичка храброст и целосна зависност од владините партнери“, заклучуваат од Алијансата за Албанците.
Куманово има потреба од пораки за соживот, почит и стабилност, а не од увоз на националистички агенди кои се обидуваат да ги одржат во живот тензиите од минатото.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

