19 септември 2026
• од Тодор Вангелов
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини Владата на Христијан Мицкоски дека ја оддалечува земјата од европскиот пат и предупреди дека тоа може да има сериозни економски последици за граѓаните.
Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека продолжувањето на сегашната политика, според него, ќе значи поголема сиромаштија, изолација и нов бран иселување на младите.
Тој оцени дека Северна Македонија заостанува во процесот на европска интеграција, додека Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина напредуваат во односите со Европската Унија. Филипче ја обвини Владата дека нема вистинска намера да го забрза евроинтеграцискиот процес.
Лидерот на СДСМ предупреди и дека застојот на европскиот пат може да влијае врз пристапот до европска финансиска поддршка. Според него, промените во идниот буџет и начинот на финансирање на Европската Унија ќе им дадат повеќе можности на земјите што побрзо спроведуваат реформи.
Филипче тврди дека доколку Северна Македонија продолжи да заостанува во реформите и евроинтеграциите, може да добива помалку средства за развој од европските фондови.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

