21 мај 2026
• од Темелко Тошев
Европската Унија исплати 65,7 милиони евра за Северна Македонија во рамките на Планот за раст на Западен Балкан, врз основа на постигнатиот напредок во спроведувањето на договорените реформи.
Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас, ги поздрави и позитивно ги оцени резултатите што ги постигнаа домашните институции, притоа нагласувајќи ја важноста од продолжување на реформскиот процес.
Преку својата изјава, тој упати честитки за досегашната работа:
„Силни перформанси на Северна Македонија во рамките на Планот за раст на ЕУ. Денешната исплата од 65,7 милиони евра го одразува напредокот во реформите, носејќи реални придобивки и можности за сите граѓани. Честитки до сите институции и партнери вклучени во постигнувањето на овие резултати!“, истакна евроамбасадорот.
Според Европската Унија, се очекува овие финансиски средства директно да влијаат врз понатамошното зајакнување на реформите и значително да го забрзаат процесот на европска интеграција на земјата. Оваа исплата претставува потврда дека исполнувањето на обврските носи конкретна поддршка од европските партнери.
Новите блокови на АЕЦ „Козлодуј“ ќе донесат 55 милијарди евра за бугарската економија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

