24 септември 2026
• од Гоце Кически
Бугарскиот европратеник Ивајло Валчев го поврза случајот со Ива Михаилова со, како што рече, поширок проблем на системска дискриминација на бугарската заедница во Северна Македонија. Тој го отвори прашањето на 25. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија во Скопје.
Михаилова, која има бугарско и македонско државјанство, претрпела тешки повреди на ’рбетот во сообраќајна несреќа во октомври 2025 година. Според информациите објавени од бугарските европратеници, лекарски конзилиум во Скопје во јули годинава утврдил дека потребната интервенција не може да се изврши во земјата и дека е неопходно лекување во странство.
Сепак, судот во Кочани во август го одбил барањето привремено да ѝ биде вратен одземениот пасош за да може да замине на лекување. Бугарските европратеници предупредија дека одложувањето може да доведе до трајни невролошки последици и случајот го претставија како прашање на човекови права и владеење на правото.
Валчев на состанокот го стави случајот во контекст на третманот на граѓаните со бугарска самосвест во Северна Македонија и побара институциите да обезбедат решение што ќе ѝ овозможи на Михаилова да добие неопходна медицинска помош.
Дводневниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет се одржува на 24 и 25 септември во Собранието. Валчев ја предводи делегацијата на Европскиот парламент во отсуство на копретседавачот Карло Реслер и е втор копретседавач од европската страна.
Во Европскиот парламент Валчев е европратеник од Бугарија и е назначен како известувач во сенка за извештајот за Северна Македонија, додека главен известувач е Томас Вајц.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

