25 ноември 2026
• од Тодор Вангелов
Свети Јован Милостив, патријарх Александриски, се памети по своето милосрдие и грижа за сиромашните. Неговиот празник се одбележува на 25 ноември.
Роден на Кипар во угледно семејство, Јован рано го прифатил христијанството. По смртта на сопругата и децата, се посветил на духовниот живот. За патријарх бил избран во времето на царот Ираклиј, а со александриската црква управувал десет години.
Според преданието, Јован не сакал да започне со богослужба пред да се помири со клирик кој бил навреден од него. Другпат, кога неговите придружници го поттикнувале да побрза кон црквата, тој останал да ја ислуша сиромашната вдовица. „Како ќе ме послуша мене Бог ако јас не ја послушам неа?“, им рекол.
Кога Персијците го нападнале Египет, Јован тргнал кон Кипар. Се разболел на пат и починал во родниот крај во 620 година. Неговите мошти подоцна биле пренесени во Цариград, Будимпешта и Пресбург.
Гаши: Бугарите ќе бидат вклучени во Уставот, Хрватите се надеваат на истото
Филипче побара помош од ЕУ за спротивставување на антиевропската пропаганда
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

