24 ноември 2026
• од Никола Трајковски
Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднела иницијатива за итна седница на Собранието за насилството врз жените и семејното насилство, како и за пропустите на институциите во заштитата на жртвите. Ова на прес-конференција го соопшти пратеничката Јована Тренчевска, објави Скопје1.мк.
Тренчевска рече дека во изминатите две години во земјава биле регистрирани 13 фемициди: шест во 2025 и седум во 2026 година. Таа оцени дека повеќе случаи, меѓу кои и убиствата на жени во Богданци, Велес и Скопје, укажуваат на сериозни пропусти во институционалното постапување.
Според податоците што ги изнесе, во 2025 година биле евидентирани 4.745 пријави од жени, а центрите за социјална работа регистрирале 1.754 нови жртви на семејно насилство. За првите десет месеци од 2026 година, таа наведе зголемување на пријавите за повеќе од 70 отсто и 1.450 поднесени кривични пријави.
СДСМ бара на седницата да присуствуваат министрите за внатрешни работи, социјална политика и правда, како и државниот јавен обвинител. Партијата бара утврдување одговорност за пропустите, разгледување на предлозите на граѓанските организации за измени на осум закони и итно разгледување на измените на Законот за заштита и спречување од насилство.
Филипче побара помош од ЕУ за спротивставување на антиевропската пропаганда
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

