24 ноември 2026
• од Темелко Тошев
Еврокомесарката за проширување Марта Кос ја повика Владата да ги спроведе уставните измени, кои се услов за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија. Таа оцени дека сега постои можност за напредок во проширувањето и ги повика македонските власти да ја исполнат преземената обврска.
Кос рече дека ја разбира разочараноста на граѓаните поради долгогодишниот застој, но посочи дека поддршката за членство во ЕУ носи обврска политичките претставници да постигнат конкретни резултати. Покрај уставните измени, таа ги истакна борбата против корупцијата, владеењето на правото и зајакнувањето на демократските институции.
Според Кос, Македонија е меѓу трите најуспешни земји во спроведувањето на реформите предвидени со Планот за раст, но финансиската поддршка од ЕУ зависи од исполнувањето на конкретните обврски. Таа ги наведе и можните придобивки од европската платежна област СЕПА, поевтиниот роаминг и програмите за образование и здравство.
Во завршната порака, Кос ги повика граѓаните да не ја губат надежта за членство во ЕУ. Изјавите на еврокомесарката ги пренесе 4NEWS.mk.
Филипче побара помош од ЕУ за спротивставување на антиевропската пропаганда
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

