01 ноември 2026
• од Тодор Вангелов
Студентите го прифаќаат предложениот модел за субвенциониран оброк, но бараат две гаранции: договорените решенија да бидат внесени во законот, а списокот на маркетите и компаниите во кои ќе важи мерката да биде објавен навреме, пред законот да стапи во сила, објави Вечер.
Предлогот предвидува месечната сума да се зголеми од 3.500 на 4.500 денари и средствата да се користат преку нов систем за студентски оброк. Студентите бараат договорените правила да не останат само на ниво на предлог, туку да бидат утврдени со закон.
Тие бараат и навремено да биде објавен списокот на операторите и маркетите каде што ќе може да се користат средствата. Според предложениот модел, попустите би важеле до крајот на месецот, независно од тоа дали студентот ја потрошил целата сума.
Во Брвеница до 15 часот гласале 1.515 граѓани повеќе отколку во првиот круг
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

