30 октомври 2026
• од Гоце Кически
Доналд и Меланија Трамп им делеа слатки на деца облечени во костими за Ноќта на вештерките на традиционалната прослава во Белата куќа. Настанот го одбележа и прелетувањето на претседателскиот авион „Air Force One“.
Децата, облечени како полицајци, војници, кукли и тркачки возачи, се редеа за слатки, фотографии и автограми. Трамп потпиша и неколку костими, а претседателскиот пар се фотографираше со семејствата.
Кога авионот прелета над Белата куќа, Трамп и Меланија погледнаа кон небото. На прославата присуствуваа и членови на администрацијата со своите семејства, објави Еуроњуз.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

