01 ноември 2026
• од Тодор Вангелов
Излезноста на гласањето во Брвеница до 11 часот изнесува 13,82 отсто, соопшти Државната изборна комисија. Гласале 2.245 од вкупно 16.256 запишани избирачи.
Според Фактор, одѕивот е за 4,71 процентен поен повисок отколку во истиот период од првиот круг, кога гласале 1.480 лица, односно 9,11 отсто од избирачите.
Најголема излезност е забележана на избирачкото место 2044 во Стенче, каде што гласале 22,12 отсто од запишаните избирачи. Најмала е на местото 2047 во Теново, со 5,33 отсто.
До 11 часот до ДИК бил поднесен еден приговор. Тој бил прифатен, а на избирачот му било овозможено да гласа.
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

