18 јули 2026
• од Темелко Тошев
Припадници на СВР Охрид лишија од слобода лице поради агресивно однесување кон својата сопруга во семејниот дом.
Службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид интервенираа во случај на семејно насилство што се случи вчеравечер. Според официјалните информации од полицијата, на 17 јули 2026 година, во 23:10 часот, бил приведен П.С. од охридско село.
Приведувањето уследило веднаш по добиената пријава дека лицето било агресивно кон својата сопруга во нивниот заеднички дом.
Од полицијата информираат дека случајот е во фаза на документирање. По комплетирање на потребната документација, против П.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, согласно законските прописи за заштита од семејно насилство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

