17 јули 2026
• од Темелко Тошев
Филмска потера и вистинска драма се одвивала на граничниот премин Блаце, откако косовски државјанин се обидел насилно да избега од царинска контрола, при што довел во директна опасност живот на цариник.
Според информациите од Царинската управа, инцидентот се случил на 15 јули во вечерните часови. При контрола на возилото управувано од сега приведениот косовски државјанин Р.Е., двајца цариници го повикале возачот да го отвори багажникот за проверка.
Драмата настанала во моментот кога осомничениот увидел дека еден од службениците забележал сомнителна кеса под совозачкото седиште и посегнал да ја провери.
Во момент на паника, осомничениот противзаконски влегол во возилото и со голема брзина насилно ја преминал граничната линија. Притоа, тој го повлекол со себе и го влечел царинскиот службеник кој се обидел да го сопре.
Веднаш била алармирана граничната полиција која, заедно со царинскиот службеник, се впуштила во потера по бегалецот. По околу десет минути, на осомничениот му бил пресечен патот и тој бил лишен од слобода. За време на бегството, тој ја исфрлил кесата со дрога од возилото, но истата набрзо била пронајдена во близина на местото на приведување.
По налог на јавен обвинител, запленетата материја била дадена на вештачење, при што е потврдено дека се работи за опојна дрога марихуана со тежина од еден килограм. Дополнително, при претресот кај осомничениот било пронајдено и ладно оружје.
Случајот го презеде Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при Царинска управа. Против Р.Е. е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за две кривични дела:
Царинскиот службеник кој бил насилно повлечен од возилото, за среќа се здобил само со лесни телесни повреди.
„Двајцата царински службеници кои учествуваа во интервенцијата на граничниот премин Блаце, се пример за секојдневната храброст која вработените ја вложуваат во службата, со цел заштита на државата“, истакнуваат од Царинската управа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

