17 јули 2026
• од Темелко Тошев
Демократската унија за интеграција (ДУИ) реагираше по најновите случувања поврзани со Законот за правична и соодветна застапеност, обвинувајќи ја коалицијата ВРЕДИ дека предложила законско решение кое, според партијата, не гарантира правична застапеност на Албанците во државните институции.
Во својата реакција, ДУИ оценува дека ВРЕДИ влегла во Владата „без етнички легитимитет“ и ја обвинува дека повеќе од две години го претставувала овој закон како историско достигнување, додека, според нив, предложената верзија не содржи никакви механизми што би обезбедиле реално спроведување на правичната и соодветна застапеност.
Според ДУИ, законот е процесуиран без етнички квоти, без институционални механизми за негово спроведување и без санкции за прекршителите. Од партијата додаваат дека ваквото решение не нуди реални гаранции за заштита на правата на Албанците.
Опозициската партија, исто така, тврди дека нацрт-законот не го обезбедил потребното мнозинство според Бадентеровиот принцип во Собранието, што, според нив, јасно го докажува недостатокот на поддршка од албанските пратеници.
„ДУИ денеска го блокираше овој обид да се легализира кршењето на правата на Албанците и ќе го блокира секојпат кога ќе се направи обид дискриминацијата да се спакува како закон“, се вели во партиското соопштение.
На крајот, од ДУИ нагласуваат дека ќе продолжат да ги штитат колективните права на Албанците и спроведувањето на уставните стандарди, повикувајќи се на основните принципи на Охридскиот рамковен договор, пренесува Журнал.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

