28 мај 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во своето гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, истакна дека од 250-те милиони евра наменети за поддршка на бизнисот, ниту еден денар не завршил кај албанските компании во земјава.
Зборувајќи за средствата кои државата ги обезбеди преку заем од Унгарија, Таравари посочи на неправедна распределба на парите кои биле наменети за помош на приватниот сектор.
„Една четвртина од парите што ги позајмивме од Унгарија беа наменети како помош за приватните компании. Тоа се 250 милиони евра. Замислете, од тие 250 милиони евра кои беа поделени на компаниите како помош со мала камата, не доби ниту една албанска компанија. Ниту една, што се вели, ниту за лек“, изјави Таравари.
Тој додаде дека за овој проблем лично побарал одговор и од надлежните институции, но не добил конкретно објаснување.
„Го прашав и министерот за економија, а тој ми вели дека нема информации. Нема ниту една албанска компанија, а доколку има, нека повелат и нека ме демантираат“, заклучи лидерот на Алијанса за Албанците.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

