30 октомври 2026
• од Елена Иванова
Либерално-демократската партија ја обвини Владата за недоследност околу дигиталните документи. Од партијата велат дека, и покрај промоцијата на апликацијата, граѓаните сè уште треба да носат пластична лична карта.
ЛДП посочува дека премиерот Христијан Мицкоски учествувал на промоција на апликацијата за дигитални документи, додека министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, соопштил дека документите не се важечки.
„Или направете функционален систем кој работи за граѓаните, или престанете да ги малтретирате со секојдневни бламажи“, изјавила Цветанка Геговска, правничка и членка на Извршниот одбор на ЛДП.
Партијата ја повика Владата да обезбеди функционална дигитална услуга и јасно да ги информира граѓаните за тоа каде и како може да се користат дигиталните документи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

