01 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Брвеница, до 9 часот гласале 646 граѓани, односно 3,98 отсто од запишаните избирачи, информира Државната изборна комисија.
Излезноста е за 1,52 процентни поени повисока отколку во првиот круг. Тогаш до 9 часот гласале 400 граѓани, или 2,46 отсто од избирачите.
Најголема излезност досега е забележана на избирачкото место 2037, со 8,7 отсто, а најмала на местото 2048, со 1,25 отсто. Избирачките места се отвориле навреме, а гласањето се одвива мирно, според информациите на Макфакс.
Во вториот круг се избира меѓу двајца кандидати. Право на глас имаат 16.256 граѓани, кои гласаат на 24 избирачки места.
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

