05 јули 2026
• од Стефан Николов
СДСМ ги отфрли анкетите објавени од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, оценувајќи дека станува збор за нарачани истражувања со кои, според партијата, се создава нереална слика за политичката состојба во земјата.
Од СДСМ тврдат дека според анкетата на ВМРО-ДПМНЕ, нивната партија е веќе втора политичка сила, додека владејачката партија бележи пад на поддршката. Воедно, ја оспоруваат и анкетата објавена од ЗНАМ, во која, според нив, оваа партија е прикажана како најсилна политичка сила во државата.
Опозициската партија оценува дека ваквите анкети се дел од координирана кампања за прикажување на владејачката коалиција како политички доминантна, иако, според нивните тврдења, реалната поддршка на ВМРО-ДПМНЕ опаѓа.
Во соопштението, СДСМ упатува критики и кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека бара оправдување за распишување предвремени парламентарни избори. Од партијата сметаат дека влошената економска состојба и ограничените можности за ново задолжување ќе доведат до одлука за предвремени избори.
Никола Цолов со двојна победа во Велика Британија ја зголеми предноста во Формула 2
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

