05 јули 2026
• од Тодор Вангелов
Во изминатите 24 часа полицијата приведе 12 лица на повеќе локации низ државата, откако кај нив биле пронајдени марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја.
Во Скопје биле лишени од слобода пет лица, кај кои биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја.
Во Стар Дојран полицијата привела три лица во одделни случаи. Кај двајца била пронајдена марихуана, а кај двајца и грутчеста материја, при што во еден случај дрогата била откриена при контрола на патничко возило.
Во Битола биле приведени две лица, откако при преглед кај едно од нив била пронајдена марихуана.
Во ресенското село Долно Дупени, полициски службеници привеле уште две лица, бидејќи при контрола на нивното возило била пронајдена марихуана.
Никола Цолов со двојна победа во Велика Британија ја зголеми предноста во Формула 2
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

