24 септември 2026
• од Темелко Тошев
Полицијата го расчисти случајот со видеото објавено на „ТикТок“, на кое се гледа палење на македонското знаме. Утврдено е дека профилот од кој било објавен видеоматеријалот го користело лице помладо од 14 години од Тетово.
Според Министерството за внатрешни работи, видеото било откриено на 22 септември при следење на социјалните мрежи. Полицијата го третира случајот како кривично дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа.
Еден ден подоцна бил утврден идентитетот на малолетникот. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставници на Центарот за социјална работа во Тетово. Според полицијата, малолетникот признал дека го сторил делото.
Со согласност на родителот бил обезбеден и мобилниот телефон од кој било објавен видеоматеријалот. Малолетникот посочил уште три малолетни лица кои, според неговата изјава, учествувале во настанот.
Полицијата најави дека и тие ќе бидат повикани на разговор. По целосното документирање на случајот, материјалите ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство во Тетово.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

