22 септември 2026
• од Никола Трајковски
Системот за заштита од пожари и кризи во Македонија се соочува со сериозен недостиг на кадар, стара опрема и недоволни инвестиции, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.
Во скопската противпожарна бригада, од предвидените 384 работни места се пополнети само 172, односно недостигаат 212 пожарникари. Просечната старост на противпожарните возила е 32 години, а најстарите се користат веќе 56 години. Во 2024 година скопските пожарникари интервенирале на 1.412 пожари, што е за 22 проценти повеќе од 2022 година.
Ревизорите утврдиле дека државата сè уште нема усвоена нова Национална стратегија за заштита и спасување, додека процената на ризиците од природни непогоди датира од 2007 година. Дополнителен проблем е недостигот на инспектори: во целата држава има само 14, а потребни се најмалку 70. Во 21 од 35 подрачни одделенија воопшто нема инспектор.
Ревизијата укажува и на ниски инвестиции во модернизација. Од над 2,23 милијарди денари издвоени за противпожарна заштита од 2022 до 2024 година, 98,5 проценти биле потрошени за тековни расходи, главно плати и надоместоци, а само 1,5 проценти за опрема, возила и други капитални инвестиции.
Гутереш во последното обраќање во ОН повика на крај на војните и контрола на ВИ
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, АМСМ предупредува на одрони
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

