02 септември 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски отвори остра дебата во јавноста, осврнувајќи се на актуелните историски и политички дискусии во земјава. Испровоциран од неодамнешните изјави, но и од дискурсот кој доминира со месеци наназад, Георгиевски прашува зошто јавноста има селективна меморија кога станува збор за окупаторите на Македонија.
Георгиевски директно ги прозва сите, како што вели, „силни бранители на зборот фашистичка бугарска окупација“, поставувајќи го прашањето зошто ниту еден од нив не споменува дека претходно македонскиот народ бил под српска окупација.
Иако Георгиевски појаснува дека српското владеење не го нарекува фашистичко, тој децидно тврди дека тоа било исклучително силна и сурова диктатура. Тој потсетува на лекциите од минатото кои денес се чини дека намерно се премолчуваат.
„Па, зар толку брзо заборавивме дека во југословенската комунистичка историографија учевме дека Југославија се нарекувала 'занданот на народите'? Зарем заборавивме за Шестојануарската диктатура? Зарем заборавивме за масакрите на Македонците во таа југословенска диктатура?“ – прашува поранешниот премиер.
Во своето излагање, Георгиевски сугерира дека наместо еднострани осуди, неопходно е да се направи реална и објективна споредба на три различни историски периоди кои оставиле длабока трага врз македонскиот народ.
Тој јавно повикува да се анализираат и компарираат:
Ваквиот став на Георгиевски доаѓа во време на вжештени дебати околу македонско-бугарските односи, при што тој очигледно апелира до историчарите и политичарите да ги отворат сите страници од историјата, без фаворизирање или амнестирање на одредени режими.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

