02 септември 2026
• од Гоце Кически
Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниот викенд ќе се спроведе нова фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот, со цел уништување на ларвите од комарци.
Авионската дезинсекција ќе се реализира в сабота, на 5 септември, во раните утрински часови.
Од градските власти посочуваат дека реализацијата на оваа мерка зависи од временските прилики. Доколку временските услови во сабота не дозволат безбедно и ефикасно спроведување на дезинсекцијата (силен ветер или дожд), прскањето ќе се одложи и ќе се изврши во истиот термин, првиот нареден ден кога ќе има поволни временски услови.
Истовремено, Град Скопје упатува важен апел до сите пчелари кои имаат свои сандаци на територијата на градот и околината. Тие се повикуваат навреме да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите за време на прскањето, за да се избегнат несакани последици по пчелните семејства.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

