03 септември 2026
• од Темелко Тошев
Демографските промени, економските реформи и иднината на државата беа во фокусот на размислувањата на аналитичарот и публицист Љупчо Зиков, кој предупредува дека во политиката и во животот празен простор не постои. Според него, природните закони се немилосрдни кога станува збор за движењето на луѓето и капиталот.
„Што се однесува до демографијата и тоа кој ќе ја гради оваа држава, знаете што? Нема празен простор ни во политиката, ни во животот. Ако Македонците не ја градат Македонија, мигрантите ќе ја градат Македонија и тоа треба да ни биде јасно и таму тоа е, тоа е природен закон“, истакнува Зиков.
Тој потсетува дека овој процес е двонасочен и дека не може да се спречи со административни мерки, потсетувајќи на историската и современата реалност на македонската емиграција.
„Таму нема закон со кој ти тоа ќе го спречиш да биде така како што Македонците отишаа да бидат мигранти во Европа и во Америка, така тука ќе дојдат мигранти. Како што ние донери јадеме во Минхен на плоштад, ќе јадеме донери овде на плоштад, така? Легитимно право е тоа. Луѓето доаѓаат и сега доаѓаат луѓето и не гледам тука зошто се прави баук од таа работа. Па луѓе мои, па ние сме земја на мигранти, ние сме мигранти во Америка, Канада, Австралија, Европска Унија“, додава тој.
За да се сопре овој тренд и да се задржи населението дома, Зиков смета дека клучни се итни и системски чекори во економијата. Како приоритет број еден тој ги посочува длабоките економски реформи кои ќе овозможат отворање голем простор за инвестиции на домашните граѓани.
„Така и ќе остануваат луѓето ако им се дава можност за инвестиции. Овде пред сè подразбирам лесен пристап до пари, до финансии за луѓе кои сакаат да работат. Сега е тешкото. Мора да се направат тие државни фондови за претприемаништво, бидејќи кај нас тоа сè уште го немаме“, заклучува Зиков.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

