02 септември 2026
• од Темелко Тошев
Тежок инцидент се случил во Клиничката болница во Тетово, откако 24-годишен жител на тетовското село Палатица почнал агресивно да се однесува кон персоналот бидејќи му било побарано да изврши уплата за добиената медицинска услуга.
Според информациите пријавени во СВР Тетово, настанот се случил на 1 септември околу 19:50 часот. Револтиран од барањето, 24-годишниот Џ.М. со употреба на сила го скршил стаклото од приемниот шалтер во болницата. При кршењето на стаклото, повреди добиле тој лично, како и двајца вработени во медицинската установа.
Ситуацијата дополнително ескалирала кога на местото на настанот пристигнале полициски службеници со цел да го смират агресивниот пациент. Наместо да се смири, 24-годишникот физички нападнал еден од полицајците кои интервенирале.
Поради сериозноста на повредите кои самиот си ги нанел при инцидентот, Џ.М. бил итно пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно укажување на медицинска помош.
Екипи на СВР Тетово извршиле увид на местото на настанот, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање и расчистување на случајот, против 24-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

