11 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Северна Македонија уште еднаш докажа дека е земја на политичките чуда, особено кога станува збор за трошењето на буџетските средства. Најновиот пример доаѓа од ресорот кој по дефиниција требаше да биде симбол на чесноста и транспарентноста – Секторот за добро владеење.
Поранешниот вицепремиер Арбен Фетаи си замина за Белгија со, како што самиот изјави, „крената глава и чиста совест“. Сепак, зад неговата „чиста совест“ останаа сериозни бројки кои покажуваат дека неговата мисија во кабинетот по повеќе месеци отсуство од работа и владини седници, најинтензивно се одвивала преку – угостителските менија.
За само неколку месеци на функцијата, вицепремиерот за добро владеење успеа да демонстрира како ефикасно се празнат државните фондови. Според официјалните податоци објавени во јавноста, вкупниот биланс на неговиот кус мандат изнесува безмалку 800.000 денари.
Еве како изгледа структурата на трошоците направени на сметка на граѓаните:
За што точно биле организирани овие ручеци и кои профили на луѓе се гоштевале за овие астрономски суми во сиромашна држава, засега останува обвиено во велот на „државната тајна“. Етичките дебати за доброто владеење очигледно најдобро се воделе со полни усти.
Она што дополнително предизвикува револт кај пошироката јавност е имотната состојба на функционерот кој не штедеше буџетски пари за луксузни ручеци и авионски билети.
Според официјално пријавените податоци, приватниот капитал на Фетаи е енормен за македонски стандарди:
И покрај огромното приватно богатство, праксата покажа дека кога си на висока државна функција во земјава, изгледа е „греота“ да трошиш сопствени пари за ручеци и патувања.
Владеењето на Фетаи беше навистина „добро“, но ефектите од него ги почувствува единствено неговиот сопствен џеб. На крајот, како круна на неговиот ангажман, тој се враќа во Белгија – дестинација која по сè изгледа му дојде како награда за „успешно завршената мисија“ во татковината, додека сметките за неговиот комфор останаа да ги плаќаат македонските даночни обврзници.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

